на маргините на Азиско-европскиот форум

Меркел се сретна со Порошенко и Путин

Милано, 17 октомври 2014 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко и со неговиот руски колега Владимир Путин, како дел од дипломатските напори на европските лидери за уредување на кризата во Украина, јави ДПА.

Разговорите се одржаа во кулоарите на Азиско-европскиот форум (АСЕМ) во Милано, каде Путин и Порошенко се очекува утрово да преговараат со лидерите на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и со високи претставници на ЕУ. 

Меркел и Порошенко изразија жалење дека мировниот план во Источна Украина не беше целосно применет, истакна портпарол на германската Влада.

- Путин и Меркел го разгледаа договорот од Минск и уредувањето на конфликтот во Украина, како и прашања за гасот, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков. 

На Азиско-европскиот форум во Милано ќе учествуваат претставници на околу 50 земји од Европа и Азија, за да ја разгледаат економската соработка и трговијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...