Deutsche Welle

Сепаратистите се прогласија за победници на изборите во источна Украина

Дали е тој претседател во сенка на Украина? Александер Захарченко победи на гласањето во самоименувата „Народна Република Доњецк“. Но, признание ќе добие само од Москва.

За прорускиот командант на бунтовниците Захарченко гласаа повеќе од 81 проценти од граѓаните, кои учествуваа на изборите, како што произлегува од анкета спроведена по гласањето. Набљудувачите уште пред изборите речиси и да немаа сомнежи дека 38 годишниот поранешен електричар ќе победи на изборите, кои Западот не ги признава. Захарченко е веќе премиер на „Народната Република Доњецк“, прогласена од бунтовниците. Неговите противници, кои се исто така сепаратисти, речиси не настапуваат во јавноста.

Плотницки води во Луганск

Во соседната „Народна Република Луганск“ изборите во своја корист ги доби Игор Плотницки, како што може да се слушне во градот. Бунтовниците со овие избори сакаат да ги зацврстат своите позиции во регионите Доњецк и Луганск за да ја демонстрираат својата независност од владата во Киев. Киев не се стремел кон никаков мир, се изјасни Захарченко.

Украинската влада како и многу западни држави изборите ги смета за нелегални. Русија напротив потврди дека ќе ги признае резултатите. За тоа на украинскиот претседател Петро Порошенко нема разбирање. Овие избори биле фарса и биле спротивни на договорот од Минск, кој го потпишала и Москва.

Паралелно со претседателските избори во Доњецк и Луганск се одржаа и парламентарни избори, на кои според податоци на бунтовниците учествувале околу три милиони граѓани. На парламентарните избори во „Народна Република Доњецк“ партијата на Захарченко „Република Доњецк“ добила 65 проценти од гласовите, соопшти шефот на Изборната комисија, Роман Лијагин. „Овие избори се важни бидејќи ја легитимираат нашата власт и нѝ даваат поголема дистанца од Киев“, подвлече шефот на Изборната комисија.

Без набљудвачи

Изброите не ги надгледуваа меѓународни набљудувачи, исто така не беше утврдена граница на најниско дозволено учество. ОН ги критикуваа изборите како „пречка за мировните преговори“. Исто така и владата на САД ја повтори критиката на гласањето. Изборите не би смееле да бидат изговор за Москва да испрати нови трупи или да испорача оружје за сепаратистите. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер ја повика Москва, да го искористи своето влијание за да придонесе за мирно решавање на конфликтот во Украина. Штајнамер на маргините на неговата посета на Џакарта за ДВ оцени дека т.н. избори биле спротивни на спогодбата од Минск. „Од наш агол не смеат да бидат допрени суверенитетот и територијалното единство на Укриана“.

Новата шефица на европската дипломатија Федерека Могерини исто така оцени дека изборите во конфликтниот регион во Украина се „нелегални и бесправни“. Таа ги смета изборите за нова пречка на патот кон мирот во Украина. ЕУ нема да го признае гласањето и натаму ќе работи на тоа да ја реши кризата во Украина. Во меѓувреме украинските медиуми во неделата проширија видео-материјал, на кој се гледаат повеќе десетици воени возила без регистерски таблички. Притоа се вели дека тоа била „руска колона на пат кон Доњецк“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...