Украина се подготвува за општа војна

Берлин, 17 ноември 2014 (МИА) - Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина „се подготвува за општа војна“ и дека „не се плаши од конфликт со руските сили“.

- Се подготвуваме за сценарио на општа војна... Не сакаме војна, сакаме мир и се бориме за европски вредности. Но, Русија не почитува никаков договор, изјави Порошенко во интервју за германскиот весник „Билд“.

Порошенко истакнува дека украинската војска сега е во подобра состојба од колку што била пред пет месеци и дека Украина ја „поддржува целиот свет“.

- Повеќе од се сакаме мир, но во овој момент мораме да се соочиме со најлошото сценарио, смета украинскиот претседател.

Според податоците на Обединетите нации, за време на седуммесечните судири во источна Украина загинале повеќе од 4.100 лица.

Порошенко, кој во моментов се наоѓа на состанокот на Вишеградската група во Братислава, изјави дека судирот „би завршил за две недели“, доколку би се применил мировниот план кој беше потпишан во Минск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...