Украина бара од ЕУ цврста и јасна порака кон Русија

Брисел, 17 ноември 2014 (МИА) - Украина денеска побара од ЕУ, доколку тоа се покаже за неопходно, на Русија да и испрати цврст и јасен сигнал што ќе биде проследен со закана за нови санкции, пренесоа француските медиуми, цитирајќи го украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

-Време е да се упати јасна порака кон Москва и да и се каже дека секое ново дестабилизирање на ситуацијата во Украина ќе предизвика дополнителни мерки од страна на ЕУ, изјави министерот Климкин.

Тој додаде дека Украина се надева дека неделава ќе учествува на средбата на високо ниво со Русија за да се направи обид за заживување на спогодбата за прекин на огнот од Минск.

Министерот изјавата ја даде за време на посетата на Брисел, каде се сретна со првиот европски дипломат Федерика Могерини, и ќе одржи говори пред Европскиот Парламент.

-Имаме потреба од оваа јасна порака на ЕУ до Русија, што ќе ги одбележи следните етапи. Тоа треба да биде пакет од силни санкции, што ќе го засилат притисокот врз сите кои сакаат да ја дестабилизираат ситуацијата на лице место, рече Климкин и ЕУ ја обвини за недостиг на доследна политика во однос на Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...