Нема причини за оптимизам

Москва, 18 ноември 2014 (МИА) - Русија и Германија се согласуваат дека конфликтот во Украина треба да се решава во рамки на договорот од Минск, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорите со германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер во Москва.

- Нема причина за оптимизам во сегашната ситуација, посочи Штајмајер на заедничката прес-конференција.

Штајнмајер кој е во прва посета на Москва од февруари, наведе дека Европа се наоѓа на крстопат.

- Мораме да бидеме свесни дека 25 години од падот на Берлинскиот ѕид се уште гледаме молк наместо дијалог, затворање наместо размена и конфронтација наместо соработка, потенцира германскиот министер за надворешни работи.

Тој посочи дека договорот од Минск за прекин на огнот во источна Украина треба да биде основа за понатамошен договор.

Лавров наведе дека Москва стои зад договорот од Минск со кој е постигнато примирје и додаде оти Киев и областите во источна Украина мора да воспостават одржлив дијалог земајќи ги во обѕир изборите одржани во двете територии.

- Понатамошната заедничка работа на воспоставување на економски и политички врски би бил следниот клучен чекор за завршување на сите непријателства во југоисточна Украина, истакна Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...