Француските социјалисти бараат оставка од германскиот еврокомесар Ојтингер

Брисел, 24 ноември 2014 (МИА) - Еврокомесарот за дигитална економија и општество, Гинтер Ојтингер, ја налути Франција и Социјалистичката партија во оваа земја, со јавниот повик до Комисијата да заземе цврст став против „повторливите“ проблеми со буџетскиот дефицит на земјата. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, француските социјалисти реагираа остро на повикот на Ојтингер за заземање на цврст став од страна на Брисел против прекумернио буџетски дефицит на Французите, што го направи преку весникот „Лос Екос“, па дури и побараа оставка на неговата позиција што ја превзеде на почетокот на овој месец.

Европската комисија, попладнево треба да се изјасни за контроверзниот француски буџет за 2015 година, но влијателниот германски член на неформалната Влада на Европската унија, повика дека „Комисијата ќе го загуби целиот кредибилитет ако се согласи на продолжување на договорената временска рамка по трет пат во однос на Франција, без да бараат надомест на штета на многу конкретни и прецизен начин“.

- Франција мора да се посвети на многу јасните политички цели со цел да дојде до одржливо решавање на нивните економски и буџетски проблеми. Ова не треба да се толкува како решение против Франција, туку како мерка преземена за и со Француската Република - напиша Ојтингер во колумната за “Лос Екос“.

Германскиот еврокомесар верува дека Франција треба „да се справи со неколкуте проблеми, како високата цена на трудот и високото ниво на данок на платите, зголемувањето на даноците за бизнис и намалување на уделот на светскиот пазар за извоз“. Тој ја повика Европската комисија да застане цврсто оти, како што напиша „секое продолжување на рокот, даден од страна на Комисијата, треба да зависи од примената на конкретни и мерливи мерки, заедно со прецизни услови“. Спорд Ојтингер, сето ова е дозволено согласно Лисабонскиот договор и за доброто на Франција и на Европа, повика ЕК да го употреби истото.

Одговорот на француските социјалист беше недвосмислен и тие посочија дека Ојтингер лансирал бесмислена остра критика против Франција, и покрај тоа што Комисијата веќе го прифатила францускиот буџет, тој го повикал Брисел да биде „ригорозен во својата пресуда".

- Владејачката партија на Франција ги смета изјавите на комесарот за прекумерна и надвор од неговата надлежност и ние покренуваме прашање за негова оставка. Ваквите ставови на комесарот се во прилог на оние во Франција што водат политика за земјата да ја напушти Европската унија.

Затоа, треба да има санкции - истакна Жан-Кристоф Камбеделис, лидер на Социјалистичката партија на Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...