Петмина украински војници убиени во источна Украина изминатите 24 часа

Киев, 19 декември 2014 (МИА) - Петмина украински војници се убиени, а седуммина се ранети во источниот дел на земјата изминатите 24 часа и покрај стапувањето во сила на прекинот на огнот, изјави портпаролот на укрианските воени сили, Андриј Лисенко. 

Ова е најголемиот биланс на жртви од 9 декември досега, кога стапи во сила новата спогодба за прекин на огнот во источниот проруски сепаратистички дел на земјата.

Овој нов бран насилство се случува неколку часа пред предвидената за денека видеоконференциска врска меѓу Киев и проруските сепаратисти, на која треба да биде договорен датумот за продолжување на мировните преговори.

Во меѓувреме денеска Детскиот фонд на Обединетите нации, УНИЦЕФ соопшти дека над 1,7 милиони деца се засегнати од кризата во источна Украина и оти таму живеат во мошне сложени услови.

Во зоната на борбите во Доњецката област се затворени околу 190 училишта, при што голем дел од нив се урнати или оштетени во престрелките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...