Deutsche Welle

Нападот во Париз е и напад врз духот на толеранција

Од сите страни доаѓаат осуди на атентатот врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“. Тоа е напад врз нашата слобода, но не смееме да дозволиме притоа да страда и нашата толеранција, смета Кристоф Хазелбах.

Овој напад не дојде сосем неочекувано. Сатиричниот магазин „Шарл Ебдо“ уште во 2009. година ги објави карикатурите на Мохамед од данскиот весник „Јуландс Постен“, кои ги разбеснија муслиманите ширум светот. Тогаш беше изведена цела низа напади во исламските држави врз данското и дипломатските претставништва на други западни земји.

Во 2011. година беше запалена зградата на редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз. Тоа не го спречи магазинот и натаму да објавува статии и карикатури на Мохамед и исламот, меѓу другото, и во посебното издание „Шарија“, каде главниот уредник се потпишува како „Мохамед“. Веројатно не е случајност ни тоа што на насловната страница на најновиот број на магазинот е карикатура на Мишел Уелбек. Овој писател тукушто го објави романот „Покорност“ околу кој се водат жолчни дебати, зашто пишува за Франција на чие чело е претседател-муслиман.

Муслиманите немаат посебен третман

Смее ли некој магазин да се шегува со верата и нејзините светци? Секако дека смее, во рамките на законите на земјата. „Шарли Ебдо“ секогаш одново на заб го земаше и папата и победуваше во сите судски спорови со католичките организации. Католиците се можеби бескрајно лути поради шегувањето со папата, но и тие ја прифаќаат таа слобода.

Тука не смее да се меша ниту владата. Од оправдани причини тогашниот дански премиер Андерс Фог Расмусен ги одби сите иницијативи за забрана на таквите „сквернавења“, како што муслиманите во дел од светот ги оценуваа карикатурите на Мохамед. А една држава очекува од сите нејзини граѓани да можат да ја издржат критиката. Муслиманите тука не можат да уживаат некој посебен статус.

По овој стравотен напад, сега се прави обид за повикување на луѓето на воздржаност: „Вие, сатиричарите на исламот, немојте да претерувате, бидете малку мирни. Не сакаме овде некоја верска војна.“ А токму тоа е она што го сакаат овие терористи, доброволно одрекување и ограничување на слободата. Таква уцена не смее да функционира.

Без оглед на се‘, можеме да се наежиме на помислата какви последици ќе има овој напад. Ионака големата напнатост меѓу етничките групи во Франција сега ќе биде уште полоша. Во Франција има голем број граѓани со муслиманска вера. Многумина од нив се невработени и живеат на маргините на општеството. Во некои квартови веќе ни полицијата не се осудува да влезе.

Од друга страна, екстремно десничарскиот Национален фронт подбуцнува против странците и особено против муслиманите. Оваа партија на изборите за Европскиот парламент лани освои мнозинство гласови од француските избирачи. Сега тие гласачи ќе се чувствуваат во право. Ќе расте отпорот против исламот, исто така и бесот меѓу муслиманите. А тоа е маѓепсан круг кој води право во пеколот.

Терористите ќе го победат и национализмот

Последиците нема да ги почувствува само Франција. Практично, во сите земји на ЕУ минатите години зајакнаа партиите кои заговараат непријателство кон странците. Сега сите тие ќе речат:„Гледате, муслиманите не спаѓаат овде. Тие не можат да се интегрираат.“ Ова злодело на ситно малцинство во рамките на едно малцинство набрзо ќе биде етикета за целата религија и сите нејзини верници.

И во Германија со нејзината популистичка Пегида и „одбраната на Западот“ некои лесно ќе се идентификуваат со опасноста од наводна исламизација. Не смееме да се залажуваме, соживотот нема да стане полесен. Дотолку поважно е да зачуваме ладни глави.

Да, ова е ужасен напад врз нашата слобода кој со ништо не може да се оправда. Нема да допуштиме некој да ни ја одземе таа слобода. Но, исто така, не смееме да допуштиме некој да ни го одземе ниту духот на толеранција. Нема никаква причина сега да се сомневаме во сите муслимани или во можноста за соживот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...