Во Белгија приведени 15 лица осомничени терористи

Брисел, 16 јануари 2015 (МИА) - Вкупно 15 лица осомничени за тероризам се лишени од слобода во рамки на 12 спроведени истраги, соопшти заменик-федералниот обвинител на Белгија, Тим Ветс на денешната прес-конференција во Брисел, по синоќешната операција на белгиската полиција против терористички ќелии во земјата, при што беа убиени двајца терористи кои отвориле оган врз полицајците.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Ветс нагалси дека терористите имале „конкретни планови да убијат полицајци на улица и да нападнат полициските станици". Засега, Обвинителството негира каква било врска на белгиските терористи со минатонеделните напади во Франција, во кои загинаа 17 лица.

Федералниот обвинител не сакаше да открива многу детали за случајот, посочувајќи дека истрагата е во тек. Единствено потврди дека две истраги биле спроведени во Вервие, шест во бриселските населби Моленбек и Андерлехт, една во Брисел и по една во градовите Сент-Агата-Берчем и во Лидекерке.

Меѓу уапсените во Белгија, е и еден од тројцата терористи кои се пресметуваа со полицијата во Вервие. Деветмина се уапсени во Моленбек и во Брисел и еден во Берчем, додека две лица се приведени во Франција и за нив ќе биде побарана екстрадиција.

Според белгискиот обвинител, во пребарувањата во Вервие се пронајдени неколку оружја, од кои четири пушки од типот АК-47 (Калашников), муниција и експлозиви. Полицијата, исто така, пронашла и полициски униформи и комуникациска опрема (мобилни телефони, воки-токи радија и сл.), како и лажни документи и значителна сума пари.

Во Моленбек, исто така, е пронајдено огнено оружје и муниција, мобилни телефони и важни информации за понатамошна истрага.

- Целта на оваа операција беше разбивање на терористичка ќелија и логистичка мрежа, истакна Ерик ван дер Зејпт, портпарол на холандското сојузно обвинителство, додавајќи дека целта на уапсените и ликвидираните била „да извршат терористички напади со посебна цел да убиваат полицајци на улици и во различни полициски станици“.

Белгиското обвинителство не даде податоци за идентитетот на осомничените и нивните можни врски со Сирија, со оглед на тоа што двајцата убиени во синоќешната операција биле странски борци во групата Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак. Исто така, потврдено е дека едно лице е рането во местото Англер и уште едно е уапсено во Завентем, но дека овие настани немаат врска со терористичките ќелии што синоќа беа разбиени од страна на белгиската полиција.

Исто така, не е познато дали сите оние кои се опфатени со ова истрага се и уапсени. Според заменик-обвинителот Ветс, мора да се чека да заврши целата истрага за да може да се каже дали целосно се запрени намерите на терористичките групи да убиваат полицајци во Белгија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...