Брисел, 12 февруари 2015 (МИА) - Договорот постигнат денеска во Минск не гарантира траен успех во Украина, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд. Тој додаде дека наредните часови ќе бидат одлучувачки.
- Тоа значи дека ние треба да продолжиме да бидеме будни, да вршиме притисок и да го продолжиме процесот, што започна, рече Оланд при пристигнувањето во Брисел за Европскиот совет во Минск, каде учествуваше во преговорите за прекин на огнот во Украина.