Убиен рускиот опозициски политичар Борис Немцов

Рускиот опозициски политичар Борис Немцов (55), поранешен заменик-премиер на руската влада е убиен доцна синоќа во Москва.

Неидентификувани напаѓачи му пукале четири пати во грбот на Немцов, додека се движел по московскиот мост Бољшој Камени, што се наоѓа во центарот на рускиот главен град и недалеку од Кремљ.

Во соопштението на руското Министерство за внатрешни работи се вели дека убиството се случило во 23:40 часот по московско време и дека убиениот бил во друштво на една жена.

Интернет страницата со вести на руски јазик Медуза објави дека неколку лица изглегле од еден бел автомобил, пукале во Немцов и потоа со истото возило брзо се изгубиле во непознат правец Полицијата соопшти дека веднаш била организирана потера по убијците.

Рускиот претседател Владимир Путин, со соопштение од Кремљ, кое уследи брзо по веста за тешкиот инцидент остро го осуди убиството на Немцов, кој беше еден од водечките политичари на опозицијата.

Во деведесетите години на 20 век Борис Немцов беше прв заменик- премиер на руската влада, додека претседател беше Борис Елцин.

Тој беше творецот на руската економска реформа, но и креатор на, за многумина во Русија и во светот, контроверзната транзиција на земјата.

Немцов сепак беше почитуван како економски реформатор кој својот углед на руската политичка сцена го постигна, работејќи како гувернер во Нижни Новгород.

Кога Путин прв беше избран за претседател на Русија во 2000 година во новата влада немаше место за Немцов, кој од тогаш стана остар опозициски политичар, а во подоцнешните години и силен политички противник на тогаш новиот руски лидер.

Синоќешното убиството се случи пред најавениот марш на руската опозиција против украинската војна, закажан за утре во Москва Немцов беше остар критичар на политиката на рускиот претседател Путин и посебно на неговата политика кон Украина.

Во последната порака, што ја упати преку својата страница на Твитер, тој ја повика разединетата руска опозиција на анти-воен протест.

- Ако се согласувате со потребата од запирање на руската војна во Украина и ако се согласувате да се запре агресијата што Путин ја спроведува,тогаш дојдете на протестниот марш, запиша Немцов на својата интернет страница, повикувајќи ги не само опозициските лидери, туку и граѓаните на Москва.

Пред две недели, во еден свој авторски напис тој откри дека стравува оти може да биде убиен поради неговото спротивставување на војната во источна Украина.

Убиството на еден истакнат опозициски лидер,каков што беше Борис Немцов, па уште гласен противник на украинскиот конфликт и на претседателот Путин доаѓа во незгодно време за него, кога од САД, ЕУ и од западните медиуми е остро осудуван како „виновник за агресијата“ врз Украина и за распалувањето на сепаратистичките судирања во реонот на Донбас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...