Сергеј Аксјонов:

Крим засекогаш останува во Русија

Севастопол, 16 март 2015 (МИА) - Премиерот на локалната влада на Крим Сергеј Аксјонов изјави дека полуостровот се вратил во својата „историска руска татковина“ и никогаш повеќе нема да биде дел од Украина.

Во интервју за Би-Би-Си Аксјонов вели дека враќањето на Крим кон Русија претставува „демократски чин“ и тоа во никој случај не може да се квалификува како „руска агресија“.
 
Кримскиот премиер, кој е под санкциите што ги наметнаа САД и ЕУ по избувнувањето на украинската криза и обвинувањата кон Москва дека директно е вмешана во настанатите, рече дека Русија нема направено ништо лошо или погрешно.
 
- Во случајот со Крим, никој ништо нема земено. Тоа беше избор на Кримјаните и ништо не можеше да се случи без поддршката на локалното население, па затоа е сосема погрешно да се зборува за агресија, рече Аксјонов.
 
Во интервјуто, тој ги критикува западните медиуми кои „сосема погрешно“ известуваат за настаните околу полуостровот, како и западните политички лидери кои „погрешно ги толкуваат“ настаните поврзани со минатогодишното приклучување на Крим кон Русија.
 
Аксјонов го брани рускиот претседател од нападите од Западот, инсистирајќи дека Путин го направил она што морал, затоа што бил оставен пред изборот-да ја заштити кримската популација или да им ја остави на украинските националисти.
 
Рускиот претседател во претходното снименото интервју за телевизиската програма „Русија 1“ изјави вчера дека никогаш пред тоа не размислувал да се направи она што се направи (анексијата), до настаните во Киев (насилното сменување на претседателот Виктор Јанукович).
 
- Крим е историски руска територија. Руси живеат на Крим и тие беа во опасност. Ние не можевме да ги оставиме, -вели Путин во интервјуто за „Русија 1“.
 
Крим беше и формално припоен кон Русија на 18 март минатата година, по одржаниот референдум на полуостровот, кој Западот не го признава.
 
Пред тоа, се уште неидентификувани вооружени сили ја презедоа контролата врз локалниот Парламент, а потоа без судири, без насилство и без испукан куршум, ја презедоа контролата врз целиот полуостров со масовно дезертирање на дотогашните украински војници.
 
Москва сега признава дека подоцна испратила воени сили за да ги поддржат „кримските сили за самоодбрана“.
 
До 1954 година, Крим беше дел од руската територија. Таа година,со одлука на тогашниот генерален секретар на КП на Советскиот Сојуз Никита Хрушчов Крим беше административно приклучен кон тогашната Украинска советска социјалистичка република.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...