Зголемен бројот на војници во руските воени вежби

Москва, 19 март 2015 (МИА) - Бројноста на војниците кои учествуваат во вонредната проверка на борбената готовност зголемена е на 80.000, додека бројот на летала зголемен е до 220, соопшти денеска Валериј Герасимов, началник на ГШ на Армијата на Русија.

Според него,  за време на проверката на борбената готовност се зголемува бројноста на ангажираните сили.

Денеска е дадена „тревога“ и во зададените области испратена е по една формација од Западниот и Централниот воен округ. Вклучени се и дополнителни воздухопловни сили.

Герасимов на состанокот во Националниот центар за управување со одбраната изјави дека моментно единиците од воените окрузи и Северната флота извршиле подигнување на највисок степен на борбената готовност и пристапиле кон маневарко-борбени задачи на полигони и на море.

Вонредната проверка на готовноста на Северната флота на Русија, повеќе формации од Западниот воен округ и Воздухопловно-десантните единици, почна во понеделникот со учество на 38.000 војници, повеќе од 55 борбени бродови и подморници, 110 авиони и хеликоптери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...