Двајца загинати и осум повредени при пожар во магацин за пиротехника во РусијаМосква, 23 април 2015 (МИА) - Две лица загинаа, а најмалку осуммина се повредени при пожар и експлозии, кои избувнаа во магацин за пиротехнички материјали во рускиот град Орел, соопшти полицијата.
Претходно е соопштено дека тројца од повредените, кои се пренесени во болница, биле деца.
Пожарот во магацинот ги зафатил и соседните станбени згради, а во неговото гаснење учествувале околу 1.000 луѓе.
|