Сакаме побрзо да одите по патот кон евроинтеграцијата

Скопје, 24 јуни 2015 (МИА) - Сакаме вашата земја да ја видиме да оди по европскиот пат уште побрзо. Правиме се што можеме да помогнеме на вашиот пат кон ЕУ. За името, како и за секој проблем, постои решение, изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин и колега министерот Никола Попоски.

- Грчката надворешна политика верува дека оваа земја е благодет и е носител на стабилноста и безбедноста. Правиме се што можеме да помогнеме на вашиот пат кон ЕУ. Веруваме дека постоењето и стабилноста на оваа држава е дар на Балканот. Постои една разлика во однос на името, но за секој проблем постои и решение, рече Коѕиас.

Министерот Попоски истакна дека денеска не е постигнато решение за името, но постигнат е договор за повеќе мерки за градење доверба кои ќе придонесат за приближување на двете земји и за надминување на разликите за ова прашање во духот на европските вредности и согласно заедничките интереси.

- Нашиот најголем проблем е непостоењето доверба, особено на политичко ниво и тоа непостоење на доверба не може да ве доведе во ситуација да решавате толку тежок и сложен проблем кој задира во најдлабоките емоции на граѓаните и тука и таму, наш интерес е да имаме решение и да може да станеме членка на НАТО и на ЕУ. Грција е членка на двете семејства и нам ни треба согласност од сите земји членки на НАТО и на ЕУ за да можеме да пристапиме кон нив. И од билатерален аспект поради потенцијалот и интересите кои ги имаме, и од меѓународен аспект, да бидеме дел од НАТО треба да работиме на ова. Но, првиот чекор е довербата и мора да го смениме тоа, рече Попоски.

Како што појасни, договорени се вкупно 11 мерки за градење на довербата во областа на образованието, кјултурата, енергетиката, здравството, внатрешните работи, инфраструктурното поврзување. Во областа на образованието се предвидува соработка меѓу универзитети, институти и центри за истражување, во областа на економијата организирање бизнис форуми, во транспортот ќе се работи на подобра енергетска и железничка поврзаност, во делот на правда ќе се воспостават точки на комуникација за размена на информациите за нелегалната миграција и борбата против организираниот криминал. Во делот на политичките критериуми предложени се редовни политички консултации помеѓу макеоднското и грчкото МНР, мерка што, вели Попоски, ја практикуваат со сите ЕУ-членки освен со Грција.

- Листата не е конечна и ќе работиме на нејзино проширување и надградување, но 11 точки се добра стартна основа за дефинитивно подобрување на климата и зголемување на довербата во сите наши односи, рече министерот Попоски. Според Коѕиас, овие мерки ќе придонесат за стабилизирање на создавањето на врски меѓу двете соседни земји и двата пријателски народа, за градење на заемната доверба.

Запрашани во однос на турски тек, Попоски и Коѕиас истакнаа дека двете земји се заинтересирани за проектот, бидејќи имаат потреба од такво вмрежување, а енергетската поврзаност е ставена и во листата на мерки за доверба.

На новинарско прашање каде Коѕиас гледа иредентизам во спорот за името Македонија, тој посочи дека секој има право на свој идентитет, но дека е важен начинот на кој го изразуваме.

- Еден многу добар наш дипломат ми кажа утрово дека во Египет има еден град кој се вика Александија и не само што немаме проблеми туку и се гордееме со тоа. Секој има право на свој идентитет, но начинот на кој го изразува не треба да создава впечаток дека се работи за некаква злоупотреба...Вие сте новинари и треба да истражите што е тоа што ја отежнува соработката меѓу двете земји. Многумина во оваа држава веруваат дека многу луѓе во Грција не сакаат да постои оваа држава, но јас ве уверувам дека многу сме благодарни што постои...Ние сме против екстремниот национализам, рече шефот на грчката дипломатија.

За време на посетата, министерот Коѕијас треба да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на  Владата Никола Груевски, како и од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.     

Коѕијас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на поголемите политички партии, односно на СДСМ, Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти грчкото МНР



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...