Заев не го признава Судот, но преговорите продолжуваат

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, по одлуката на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за случајот „Пуч“, денеска изјави дека не го признава правосудството како независна власт по Устав и по закон, дека нема да присуствува на закажаните рочишта во врска со случајот „Пуч“ и да се јавува во Судот секој понеделник. По оваа негова јавна изјава очекува Судот да му изрече мерка притвор. И покрај ова, преговорите за излез од политичката криза ќе продолжат.

- Јас сум во просториите на СДСМ или во „Кампот на слободата“ пред Владата, рече Заев на прес-конференција.

Обвини дека одлуката на Основниот суд Скопје 1 – Скопје да се прифати обвинителниот акт против него е нарачана од премиерот и спроведена од обвинителот Марко Зврлевски. - Судот нема дадено никакво објаснување за одбивање на разумните приговори на обвинението, не само за мене или мојот адвокатски тим, туку и за домашната и за меѓународната правосудна јавност, рече Заев.

И покрај тоа што не го признава Судот, документи до обвинителството ќе доставува за, како што рече, да се остави трага за она што се случувало.

Заев рече дека и покрај оваа негова одлука преговорите за излез од политичката криза ќе продолжат и очекувањата се дека треба да финишираат до крајот на неделата.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ и ДПА се одвиваат на различни партиски нивоа. - Меѓупартиски преговори постојат во посредство со меѓународната заедница, рече лидерот на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...