Заев: Преговорите се неуспешни, продолжуваме со бомби!

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција попладнево изјави дека преговорите за излез од политичката криза се неуспешни зашто, како што наведе, Никола Груевски во континуитет го минира договорот од 2 јуни.

- Направив се, како претседател на СДСМ, направивме се, како Социјалдемократски сојуз, како опозиција, како граѓани, заедно, низ дијалог, на цивилизиран начин да се дојде до решение за длабоката политичка криза во земјава. Во преговорите Груевски одби да прифати споделени гаранции помеѓу власта и опозицијата за враќање на демократските институции, за враќање на корективите во општеството, за нормализација на државата, за обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори. Бидејќи не е постигната согласност за елементарните демократски вредности што можат да обезбедат реализација на слободната волја на граѓаните, преговорите се неуспешни, рече Заев.

Тој го повтори ставот што го застапува СДСМ - принципиелна позиција не само на СДСМ, туку на демократската јавност во земјава.

- Не се можни фер и демократски избори во Република Македонија, со Влада предводена од Никола Груевски, додаде Заев и соопшти дека СДСМ ќе дејствува интензивно и ќе го продолжи проектот „Вистината за Македонија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...