Партиите во опозициската коалиција со поддршка за Заев

Скопје, 9 јули 2015 (МИА) - Коалициските партнери и претседателите на партиите што и се придружија на опозициската коалиција, денеска на средба во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз му изразиле целосна поддршка на лидерот на СДСМ Зоран Заев во чекорите за, како што се наведува, враќање на слободата и демократијата во Македонија.

Како што соопшти СДСМ, тие се согласиле со оценката дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го прекршил договорот од 2 јуни и дека преговорите за надминување на политичката криза се неуспешни.

- На состанокот се разгледуваа натамошните чекори на СДСМ и опозицијата во насока на интезивирање на сите можни форми и механизми за враќање на демократијата во Македонија. Партиите се подготвени да ги насочат своите активности на терен, според координираните насоки што ќе ги утврдат нивните партиските органи, се вели во соопштението на СДСМ.

Воедно, се додава дека СДСМ и опозицијата ги почитуваат заложбите на меѓународната заедница за решавањето на политичката криза во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...