Дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 4 август 2015 (МИА) - Во Македонија попладнево ќе биде нестабилно облачно со дожд, грмежи и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни и пообилни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови на земјата.

Температурата ќе биде од 28 до 35 степени, а УВ индексот 7.

Според УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Штип, 40 литри на метар квадратен, потоа во Прлеп 33, Битола 27, Струмица и Крушево 14, Пожаране 13, Дојран 11, Берово и Виница 10, Тетово 9, Скопје и Крива Паланка 8, Охрид, Лазарополе и Претор 4, Демир Капија и Гевгелија 3 и Дебар еден литар на метар квадратен.

За утре, УХМР најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на кратотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западните и јужните делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 30 до 37 степени.

Во следниот период  Македонија ќе биде под влијание на реалтивно влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови времето во поголемиот дел да биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови со локална појава на краткотраен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни на планините во западните и јужните делови. Темпаратурите нема значително да се менуваат, највисоки ќе бидат во четврток, од 31 до 38 степени, а за време на викендот пониски, од 28 до 35 степени.

Во почетокот на идната недела, температурите повторно ќе бидат во благ пораст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...