Одложено судењето за „Пуч“

Скопје, 5 август 2015 (МИА) - Судењето за случајот „Пуч“, чиј почеток беше закажан за денеска во Основниот суд Скопје 1, е презакажано за 7 септември поради отсуство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е еден од обвинетите.

Судијата Љубинка Башеска констатираше дека Заев е неоправдано отсутен и дека нема сознанија зошто не се појавил пред Судот.



Адвокатите на одбраната побараа судењето да биде одложено на подолг рок, бидејќи има постигнато политички договор случајот да го води специјален обвинител.

Судијата Башеска рече дека не ја интересираат политичките околности, бидејќи за случајот се уште има луѓе во притвор, поради што бараше судењето да биде закажано на пократок рок.

Заев неодамна изјави дека нема да се појавува на судењето за „Пуч“ бидејќи не го признавал македонското судство.

Во случајот „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица Бранко Палифров, лидерот на СДСМ Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се осомничени за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...