Попладне нестабилно време во западните и северните делови

Скопје, 6 август 2015 (МИА) -  Управата за хидрометеоролошки работи за денеска од пладневните часови најавува локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните и северни делови, но и во останатите планински региони. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во периодите на пороен дожд повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени, а УВ-индексот 7.

Во Скопје температура до 36  степени целзиусови, воздушен притисок 979, релативната влажност на воздухот 40 проценти и средна брзина на ветер три метри во секунда. 

Во деновите од викендот, според УХМР, ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели, особено во југозападниот и јужниот дел од земјата. Од почетокот на работната недела и понатаму ќе се одржува сончево претпладне, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд во претежно југозападните делови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...