Во Велес отворена самостојна изложба на Љубинка Манчевска Буба

Велес, 4 септември 2015 (МИА) - Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена седмата самостојна ликовна изложба на академскиот уметник од Велес, Љубинка Манчевска-Буба.
 
На изложбата насловена „Пејсажни варијации“ со која авторката го заокружува својот 30-годишен творечки јубилеј се претставени 39 слики, масло на платно и акрил на платно.
 
Ликовниот критичар Конча Пиркоска за творештвот на Манчевска ќе појасни дека сликарката која во нејзиното творештво минала низ различни стилски фази, тргнувајќи од реалистичката, преку асоцијативно-експресионистичката, апстрактната. Овие нејзини најнови дела од овој цисклус се дела со асоцијативен апстрактен пејсаж на земјата и небото, со доминантен машко-женски принцип, односно принципот на јинг и јанг.
 
- Манчевска со своите пејсажи ја постигнува својата цел, има огромен скок од она што претходно го работела и сега, потенцира Пиркоска.
 
Новинарката Сутка Оцедова за творештвото на Манчевска вели дека сликарката во опусот на новите апстрахирани пејсажи стигнува до широки платформи, не преземајќи го ризикот на минуциозноста, одново гори.
 
-Тоа се црвените платформи произведени со најголеми четки, тоа се одново небесните сини стојалишта и можното нивно помирување. Сликарката го објави новиот поход кон досегашните ликовно-естетски креации кои не ја заситија гладта за одговори, потенцира Оцедова.
 
Уметницата Манчевска за своите најнови дела вели го насликала целиот свет.
 
- Тука се сите континенти, тука е небото и земјата со Сонцето и ѕвездите кој може да ги види. Јс сум пресреќна што ги чувствувам, се надевам дека и другите го гладаат тоа на моите слики и преку нив ќе го почувствуваат тоа што го чувствувам јас, вели Манчевска.
 
Инаку, изложбата е дел од културната манифестација „Велес-Град на културата 2015“ на Министерството за култура и Општина Велес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...