Очекуваме исполнување на договорот и фокусирање на реформите

Скопје, 18 септември 2015 (МИА) - Ова време е од суштинско значење за Македонија. Сите очи се свртени кон вас да го сработите своето пред октомврискиот извештај за напредокот на земјата кој треба да ги нотира достигнувањата.



Ова го истакна еврокомесарот за проширување и соседски односи Јоханес Хан на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Тој го поздрави политичкиот договор постигнат со помош на Европската унија како важен чекор кон ЕУ, бидејќи, како што рече, покажа дека интересите на државата и на граѓаните се ставени пред партиските интереси, а сега, нагласи, важна е неговата реализација.

- Се радувам на враќањето на опозицијата во Парламентот и изборот на новиот Закон за специјален обвинител и на специјалната обвинителка. Таа ќе ја добие целата потребна поддршка за да може да си ја врши како што треба својата работа, рече еврокомесарот Хан.

Тој се осврна и на пристапниот дијалог на високо ниво за кој рече дека по политичката криза поради која беше запрен продолжува фокусирајќи се на пет специфични области нотирани од Брисел.

- Приемот во ЕУ не е работа само на Владата. Верувам дека ХЛАД-от ќе ги вклучи сите претставници од четирите политички партии кои го потпишаа овој договор и дека тие се заедно посветени и заедно одговорни за имплементацијата на идните реформски приоритети. Процесот го вклучува и граѓанското општество за чија работа е потребна добра демократија. Признавам дека вашата земја имплементираше голем број реформи. Оние кои остануваат се амбициозни и политички тешки, но тие ќе донесат вистински промени во државата, рече Хан.

Во своето обраќање пред членовите на НСЕИ тој говореше и за кризата со мигрантите. - Ова е време на предизвици и кризи кои бараат европско решение, рече Хан.

Тој посочи дека Брисел е свесен за проблемите со кои Македонија се соочува како транзитна држава за мигрантите и најави помош и поддршка.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими истакна дека посетата на еврокомесарот Хан и одржувањето на петтата средба на ХЛАД-от по 2,5 години пауза само дава надеж и отвора нови можности за интензивирање на реформите и за нивно продлабочување согласно препораките на ЕУ. По постигнувањето на политичкиот дијалог и воспоставувањето на дијалогот, од ЕК очекува да нотира напредок и препорака за старт на преговорите. 

- Свесен сум дека ЕК се соочува со сложени глобални проблеми како никогаш досега од економски, безбедносен аспект и мигрантската криза. Македонија исто така не е надвор од овие предизвици и неизбежно сме дел од овој глобален проблем, но сакаме да бидеме и дел од решението, а најдобриот начин да се постигне тоа е кога би биле дел од ЕУ. Колку сме подлабоко интегрирани, колку сме поблиску до членството толку повеќе ќе можеме да придонесеме за надминување на овие предизвици. Едно од решенијата во кои јас длабоко верувам е дека Македонија треба да ги почне колку што е можно побрзо пристапните преговори и да влезе во нормалната траекторија кон предвидување на процесот на евроинтеграции токму со отворање на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на човековите права и владеење на правото, рече Бесими.

Во текот на дебатата пратениците едногласни дека во Извештајот на ЕК за земјата во октомври Македонија покрај препорака треба да добие и датум за отпочнување на преговорите.

Претседателот на НСЕИ Лидија Димова од СДСМ рече дека земјата ја очекува период полн со предизвици кој го вклучува и справувањето со мигрантската криза, а од ЕК очекува препорака за пристапни преговори.

- Очекуваме дека со Извештајот ќе ја добиеме препораката. Од ЕК очекувам во новата стратегија за проширување 2015/2016 да констатира дека Западен Балкан не е проблемот, туку е решението на бегалската криза и ќе предвиди активности во рамките на Берлинскиот процес со кои ќе почне реално и активно да ја вклучува и Македонија и другите држави од Западен Балкан. Се надевам и дека Грција ќе сфати дека сега е време пристапните преговори да почнат. Македонија предолго чека, време е за решителна акција, рече Димова.

За Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ покрај реализацијаата на реформите која ја поддржува не затоа што тоа го бара ЕУ туку затоа што тоа го бараат граѓаните, останува едно прашање кое што е не одговорено, а тоа е до кога ќе продолжи блокадата на Република Македонија и дали проблемот доаѓа од едно место или се работи  за проблем за кој што Грција не чувствува притисок од никој друг за тој да биде решен.

- Ние мора да сме отворени директни и јасни. Република Македонија не преговара со ЕУ, не затоа што во последните неколку месеци опозицијата на еден недозволен и нелегален начин презентираше прислушувани материјали во јавноста, па тоа резултираше со политички договор кој што треба да се реализира, туку затоа што имаме континуирана блокада од нашиот јужен сосед и прашањето е многу едноставно, теоретски доколку се реализира се, доколку се заврши се, дали ќе имаме некоја промена следната година? За жал, гледајќи ја политичката ситуација на југ, гледајќи ги случувањата и во остатокот од Европа мислам дека одговорот ќе е негативен, вели Николовски.

Тој нагласи дека како владејачка партија направиле политички договор со сериозни концесии од нивна страна, дека договорот од Пржино мора да се реализира, а предвремените избори дека треба да стават крај на кризата.

- Дваесет и четврти април мора да е крај на овој процес по кој што државата ќе влезе со еден Парламент во кој што сите свесно и одговорно ќе работат и во кој што сите ќе го признаваат своето место без разлика дали е во власта или во опозицијата. Се надевам на многу реализирани проекти и дека во декември ќе можеме да слушнеме една поубава вест од ЕУ, а тоа е дека некаде следната година, јуни или јули, ќе ги отпочнеме преговорите, посочи Николовски. 

Ермира Мехмети од ДУИ нагласи дека по постигнувањето на политичкиот договор и враќањето на опозицијата во Парламентот сега е време за враќање на ЕУ-агедната. Таа очекува следниот период комплетна имплементација на Рамковниот договор. 

Хан рече дека за нова препорака во октомври и евентуален датум за отпочнување преговори клучни се изборните реформи и најави целосно надгледување на изборниот процес.

- Наша цел е ваше членство во ЕУ. Но, потребни се фер и транспарентни избори, без сомневање тогаш можеме да зборуваме за почнување преговори. Јас ќе бидам прв поддржувач. Вие не сте само географски европејци туку треба тоа да станете и преку членство во ЕУ. Вратата е отворена, на ваша страна сме. ЕУ ја научи својата лекција. Ако има перспектива за една земја таа треба да биде исполнета на начин на кој ќе може да се одвиваат преговорите. Штом има подобрена ситуација во земјата треба да се смени ставот и кај ЕУ, ќе работам на тоа, нагласи Хан. 

Инаку, еврокомесарот Хан денеска ќе има средби со лидерите на политичките партии, а претпладнево се сретна и со претставници на граѓанското општеество. Хан заедно со премиерот Никола Груевски ќе копретседаваат со петтиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската Унија, што во 15 часот ќе започне во Министерството за финансии. По состанокот предвидена е заедничка прес-конференција на премиерот Груевски и на комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ.

Утре, во рамки на престојот во Македонија, ќе го посети и граничниот премин кај Гевгелија со цел, како што рече, и лично да се увери каква е состојбата со мигрантите кои од земја-членка на ЕУ влегуваат во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...