Ципрас и Коѕиас не учествуваа на состанок во Њујорк поради РМ

Атина, 30 септември 2015 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас не учествуваа на состанокот посветен на борбата против насилниот екстремисам и таканаречената „Исламска држава“, организиран од страна на американскиот претседател Барак Обама.

Грчките медиуми јавуваат дека неучеството на Ципрас и Коѕиас се должи на „мал дипломатски инцидент“, поради тоа што Македонија на состанокот е претставена под уставното име Република Македонија.

Со оглед на тоа што Грција е само набљудувач на состанокот, затоа што не учествуваше минатата година, грчкиот премиер нема право да интервенира, што значи не може да поднесе приговори.

Според грчки извори, грчката Амбасада во САД побарала од Стејт департментот и Белата куќа да го сменат нашето име во ПЈРМ. Сепак, како што јави вчера МИА, помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд го одбила барањето на Грција со образложение дека САД од Ноември 2004 година ја признаа Република Македонија под уставното име.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...