Македонија можна порта за ОАЕ кон Европа

Скопје, 26 октомври 2015 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, оствари средба со премиерот на ОАЕ, Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој во исто време е и владетел на емиратот Дубаи.



На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е истакната заложбата на двете страни за унапредување на севкупните односи во сите сфери од взаемен интерес.

- Двете страни потенцираа дека помеѓу двете земји нема отворени прашања и ја констатираа потребата за интензивирање на политичкиот дијалог преку средби на високо ниво, што би придонело и за интензивирање на соработката на економски, културен, образовен план. Соговорниците особено ја истакнаа потребата и интересот за унапредување на економската соработка, се вели во соопштението.

На средбата е констатирано дека постои голем простор и потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена помеѓу двете земји. Премиерот Груевски потенцирал дека македонското стопанство поседува потенцијал за производство на производи кои може да се пласираат на пазарот во ОАЕ, особено во делот на земјоделството.

Особен акцент е ставен на можностите за унапредување на соработката на полето на инвестициите. Премиерот Груевски истакнал дека Република Македонија овозможува услови за водење бизнис, за што има креирано пакет ниски трошоци за економските субјекти, и дека Обединетите Арапски Емирати може да ја користат нашата земја како порта за реализација на економски операции во Европа.

Станало збор и за опциите за соработка на економски план на меѓудржавно ниво. Претседателот на македонската Влада истакнал и конкретни можности за соработка на ова поле, претставувајќи ги проектите за инвестиции во енергетскиот сектор со осврт на гасификацијата на земјата и можностите за изградба на хидроцентрали, инвестициите во туризмот преку туристичките слободни зони и инвестирањето во недвижности и градба на хотели, инвестициите во земјоделството и производството на храна и други проекти кои би можеле да бидат предмет на интерес на Емиратите.

Груевски го поканил Шеикот Ал Мактум да ја посети Република Македонија, со што би се продолжил дијалогот на високо ниво и би се конкретизирале можностите за потенцијална економска соработка.



Ал Мактум дал позитивна оценка за економските политики на Македонија и го изразил интересот во следниот период да ја разгледа можноста за посета на нашата земја.

Во рамки на средбата е потпишан и Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и ОАЕ кој ја дава основата и ги зголемува капацитетите за продлабочување на економската соработка.

Договорено е во идниот период претставници на двете страни да работат на финализирање на Договорот за заштита на инвестициите кој би претставувал основа и би ги обезбедил правците за конкретна соработка на полето на инвестициите.

Соговорниците разговарале и за политиките кои ги реализираат двете земји во образовната сфера, додавајќи дека образованието е најдобра основа за обезбедување на економскиот раст и развој на земјите.

ОАЕ е значајна држава во регионот на Заливот, која се карактеризира со висок економски раст и развој. Според проценетиот раст на БДП се наоѓа на 7-то место во светот оваа година. Емиратот Дубаи, покрај Абу Даби е еден од двата главни емирати во земјата. Се карактеризира со економски раст базиран на инвестиции, на услуги и има позитивен раст во сите економски сфери.

Премиерот Груевски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати ќе оствари средби со политички и економски претставници и субјекти од земјата домаќин. Покрај посетата на Емиратот Дубаи, премиерот Груевски ќе го посети и Емиратот Абу Даби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...