Иванов побара од Тимерманс неодложна помош за справување со бегалската криза

Брисел, 23 ноември 2015 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Брисел имаше средба со првиот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс, јави дописникот на МИА од Брисел.



Со оглед на тоа што ниту македонскиот претседател, ниту Тимерманс, не дадоа официјални изјави за тоа што се разговарало и кои биле пораките на оваа средба, од кабинетот на Иванов брифираат дека во фокусот на разговорите биле предизвиците со кои се соочува Република Македонија поради бегалската криза, како и актуелната безбедносна состојба на европскиот контитент.

Според кабинетот на македонскиот претседател, Иванов информирал дека од почетокот на кризата, македонската држава се потпира единствено на сопствени ресурси, додека помошта од Европската унија изостанува. Па, во таа насока, тој побарал неодложна техничка и финансиска помош за земјата.
 
Од претседателскито кабинет информираат дека Иванов констатирал дека Македонија ги сноси последиците од „нефункционален механизам на Унијата” и од неспроведување на регистрација во земја-членка на Унијата, што во случајот е Грција.
 
Република Македонија ги почитува сите меѓународни обврски во третманот на мигрантите, посветувајќи сериозно внимание на хуманитарниот аспект и покрај преоптоварените капацитети, посочил претседателот Иванов на средбата, информираат од неговиот кабинет.
 
Според брифинзите од средбата, претседателот Иванов побарал враќањето на контролата врз надворешните граници на ЕУ, а посочил и дека е потребна заедничка стратегија на Унијата за координирана меѓународна акција за решавање на проблемот.
 
‎Тимерманс, пак, според информациите од кабинетот на македонскиот претседател, истакнал дека има разбирање за предизвиците со кои се соочува Македонија во справувањето со бегалската и мигрантска криза и потенцирал дека ќе се заложи за што е можно побрзо обезбедување на помош и поддршка од ЕУ за македонската држава. Притоа, двајцата соговорници се согласиле дека сега е време за акција.
 
Претседателот Иванов порачал дека е крајно време Република Македонија да ги продолжи интегративните процеси. Во однос на последниот извештај на Еврокомисијата за напредокот на Македонија, претседателот Иванов истакнал дека „очекува сите општествени и политички фактори во земјата максимално да се посветат на надминување на забелешките од извештајот”. Како што информираат од неговиот кабинет, тој изразил очекување дека по изборите во април идната година, Република Македонија конечно ќе  добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
 
- Нам ни е неопходна трансформирачката моќ на пристапниот процес - му порачал Иванов на Тимерманс, а информираат од кабинетот на македонскиот претседател.
 
Во рамки на неговата дводневна работна посета на Брисел, претседателот Ѓорге Иванов, утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...