МАН бара Спасовски да си расчисти сите случаи на напади и закани врз новинари

Скопје, 27 ноември 2015 (МИА) - Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во најкус можен период да ги расветли сите случаи во кои има насилство, закани и напади врз новинари.

Во денешното соопштение од МАН стои дека бараат од Спасовски да ги расветли нападот врз екипата на телевизијата Сител од митингот на СДСМ пред Собранието на РМ во мај годинава, каде Ивона Талевска и снимателите завршија со, се подвлекува, видливи физички повреди на Клинички центар.

Бараат да се расветли и случајот од нападот врз новинарот и уредник на Нетпрес, Дејан Николовски од Стојанче Ангелов, потоа физички или вербални напади врз водителите Јанко Илковски и Антонио Димитриевски, заканите и навредите од СДСМ кон новинарот на Сител, Љупчо Златев, заканите, како што стои, по живот врз уредниците на Сител и весникот Вечер.

- Упадите во програмата на национална телевизија Канал 5 од хулигани кои себеси се нарекуваат новинари, нападот врз Јанко Илковски од Сител од лице кое себеси се нарекува новинар, а припаѓа на групата уличари финансирани од СДСМ, упадите и кршењето во Радио Слободна Македонија, упадот и кршењето во неделникот Република, како и физичкиот напад со шипка, навредите и заканите за физичко насилство врз Бобан Нонковиќ од активисти на невладиниот сектор финансиран од Сорос, поточно Петрит Сарачини од МИМ, а сега одговорен уредник во ТВ21, стои во соопштението од МАН и се додава оти мора да се расчистат и случаите со заканите по живот за новинарите од редакцијата на Курир од активисти на СДСМ кои објавувале фалсификувани фејсбук постови од новинари на порталот Курир и се заканувале со физичко насилство врз новинари од порталот, но и прислушувањето и објавување монтирани снимки на сопственици, уредници и новинари од Канал 5, Сител, Вечер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...