Ја прифативме методологијата за Избирачкиот список

Скопје, 2 февруари 2016 (МИА) - Лидерот на СДСМ Зоран Заев потврди дека ја прифатиле методологијата за прочистување на Избирачкиот список што ја предложи Државната изброна комисија.

- Ја прифативме методологија за прочистување на Избирачкиот список што ја предложи Државната изброна комисија затоа што не сакаме некој да каже дека ние го кочиме процесот. Напротив ќе докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прават тоа, рече Заев по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК) Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи - ДПА Зијадин Села.

Додаде дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори.

- ВМРО-ДПМНЕ јасно настапи дека нема да го прифати предлогот на меѓународната заедница за реформи во медиумите. Вчера владејачката партија официјално достави информација до ДИК дека ја прифаќа методологијата, па и ние го сторивме тоа за да не кажат после дека ние го кочиме процесот и го одолговлекуваме одржувањето на изборите. СДСМ сака брзи избори, но тие мора да бидат фер и демократски, истакна претседателот на СДСМ.

Методологијата, како што појасни, е неопходна за ДИК да може да работи на прочистување на списокот на гласачи.

- По ова ќе докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се тие што сакаат да го кочат процесот. Ќе видите како на преговорите за медиумите ќе опструираат и намерно ќе одложуваат за да не дојде до избори, рече Заев.

На новинарско прашање Заев одговори дека не постои можност меѓународната заедница на 20 февруари да излезе со став дека условите за фер избори на 24 април се исполнети затоа што законски нема доволно време да се прочисти списокот.

Според него, потребни се од 85 до 90 дена да се прочисти Избирачкиот списокот за тој да може да биде ставен на увид на гласачите. Во врска со тоа додаде дека доколку изборите бидат на 24 април, тогаш списокот треба да се затвори до 5 март, а дотогаш нема доволно време.

- Се надеваме дека овие услови ќе се исполнат за да може и опозицијата да учествува на избори, истакна претседателот на СДСМ.

И Мемеди и Села сметаат дека изборите не смеат да се одржат без да се решат битните проблеми во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...