Кундерс: Договорот од Пржино целосно да се спроведе

Скопје, 14 февруари 2016 (МИА) - Договорот од Пржино е многу важен и важно е целосно да се спроведе. Европа го поддржува тој договор, е пораката што денеска ја упати до политичките лидери министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс, кој се наоѓа во работна посета на Република Македонија.

- Вие подобро знаете од мене колку е важно да се има фер и кридибилни избори, пречистен список и подеднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и историја, сте имале и претходно фер, демократски избори и затоа е важно да се спроведе договорот од Пржино за да се овозможи понатаму да се работи на европската перспектива, нагласи на денешната прес-конференција шефот на холандската дипломатија, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

На новинарско прашање како внатрешно политичката состојба е поврзана со мигрантската криза, министерот Кундерс истакна дека политичата криза во земјата не е директно поврзана со бегалската криза.

- Но, за сите наши држави е важно затоа што секаде се јавуваат тензии во однос на тоа како да се реши бегалската криза. Затоа важно е нашите земји да останат стабилни за да можеме да соработуваме на решавање на бегалското прашање. Во Европа, вклучително и во Македонија се соочуваме со предизвикот на надворешната безбедност и внатрешниот консензус, а ова е особено предизвик за Македонија. Затоа сметам дека вашата визија и желба за евроатлантска интеграција е поврзана со спроведувањето на договорот од Пржино, рече министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.

Тој подвлече дека ја поддржуваат и работата на Специјалниот јавен обвинител.

- Таа треба да биде слободна да ја изврши својата работа. Сите треба да си помогнеме меѓусебно, порача шефот на холандската дипломатија, кој денеска ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...