СДСМ го очекува голем пораз на 5 јуни, ќе се срамат од себе

Скопје, 24 април 2016 (МИА) - Со овој момент постигнати се сите услови за одржување фер и демократски избори на 24 април. Тоа му е јасно на секој човек, како што и е јасно и на СДСМ која не сакаше да оди на избори. Но, направивме компромис, а тоа се должи на вербата во народот и на силата што тој ни ја дава. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе одлука наместо на 24 април изборите да се одржат на 5 јуни, изјави на прес-конференција по полноќ лидерот на владејачката партија Никола Груевски.



Според него, таквата одлука не е донесена за да се задоволи СДСМ, туку, како што рече, за да не се остави простор да не бидеме погрешно разбрани од граѓаните и оние кои не и сакаат добро на Македонија.

- Одлуката за изборниот ден беше во наши раце, но и одговорноста која ја носиме за државата и за народот во неа. По долги детални анализи и консултации извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24 април за 5 јуни со цел не да го задоволиме СДСМ, бидејќи, како и да е, ќе бегаат од избори и од соочување со народот, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани, но и злоупотребени од сите оние кои не и сакаат добро на Македонија и кои немаат еднакво интерес како нас Македонија да оди напред, нагласи Груевски. 

Компромисот за одржување на изборите на 5 јуни, додаде, е направен и за тоа што претставниците на САД и ЕУ потврдија дека ова ќе биде единствено пролонгирање, дека до 5 јуни нема да има никакви преговори околу организирањето на изборите бидејќи и тие сега веруваат дека ДИК ќе има доволно време да ја заврши својата работа со прочистувањето на Избирачкиот список, нема да има поставување нови услови, вклучувајќи го и Законот за медиумите, ниту нови проценки за тоа дали Македонија е подготвена за избори затоа што со поместувањето на датумот овие нешта се апсорбирани, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски подвлече дека добиле цврсто уверување и од ДУИ дека на 5 јуни ќе одат на избори без или со СДСМ. 

- Со ова поместување им даваме и последна шанса на СДСМ да излезат на изборите и да го погледнат во очи народот на кого му ја наметнаа оваа политичка криза. Само со излегување на изборите се добива легитимитет и доверба од граѓаните и никако поинаку, порача Груевски.

Државата, напомена Груевски, не може да биде заложник на една партија, а легитимитетот се добива на избори.

- До 5 јуни можете да глумите и зборувате што сакате, но на 5 јуни ќе се срамите од себе и ќе видите кој е победникот, а кој поразениот. Дневните силења и надмудрувања кој денес испаднал послаб, а кој појак ќе завршат на 5 јуни, рече Груевски.

Нагласи дека со самото тоа што во вечерашното обраќање лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека сега ништо не зависи од Никола Груевски, всушност признал дека се создадени услови за одржување избори.


- Го слушанв предмалку Заев како вели дека ништо веќе не зависи од Никола Груевски. Со тоа самиот призна дека се создадени сите услови за да се оди на 5 јуни на избори. Затоа Заев, ајде собери храброст и соочи се со народот наместо да се обиколуваш со луѓе кои ти аплаудират за себе и се пресреќни што само за еден месец се пролонгирале изборите и големиот пораз кој ве чека, истакна Груевски.

Ја слушнав, додаде, и реториката на СДСМ во Парламентот со очаен обид да прикажат некаков триумфализам кажувајќи  дека ова било нов пораз на Никола Груевски.

- Јас ќе им порачам, до 5 јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и пбоедници. На 5 јуни ќе се срамите од самите себе и ќе видите кој е победникот, а кој е поразениот. И сегашната вештачка насмевка нагло ќе ја загубите затоа што по објавената проценка на САД и ЕУ колку и таа да беше политичка одлука без аргументи СДСМ единственит спас го чекаа во поинаква наша одлука од оваа која вечерва ја донесовме. Сега и тоа го загубија. На 5 јуни ќе видат кој победува, а кој губи. Излегле или не на избори ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата За подобра Македонија како политичка гарнитура која најенергично и најодоговорно се бори за македонскиот народ и за сите граѓани на Република Македонија, истакна Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...