Мигрантите кои илегално влегоа во Македонија се враќаат во Грција

Скопје, 15 март 2016 (МИА) - Дел од мигрантите кои вчера попладне илегално ја поминаа македонско-грчката граница кај гевгелиското село Моин, почнале сами да се враќаат назад на грчка територија откако сфатиле дека не можат да продолжат понатаму, а поголемиот дел од нив се уште се наоѓаат во близина на селото каде беа пресретнати и задржани од нашите армиски и полициски сили, изјавија за МИА од регионалниот ЦУК Гевгелија.



Оттаму соопштија дека групата мигранти била насочена каде и како да ја поминат границата со помош на флаери напишани на арапски и грчки јазик кои им биле поделени од страна на грчки невладини организации.

Во текот на денот се очекува да биде постигнат договор меѓу двете страни за враќање на сите мигранти на грчка територија, односно во кампот во Идомени од каде што се упатиле кон Македонија преку дивите премини.

Состојбата на теренот и во ПТЦ Гевгелија моментно е стабилна и мирна. Раководителот на ПТЦ Зоран Лазаревски рече дека кампот е празен, односно дека таму се сместени мигрантите што беа спасени вчера од давење во Сува Река и уште дваесетина мигранти кои се вратени од кампот во Табановце.

МВР денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути околу 1.500 мигранти илегално ја преминале државната граница со Република Грција во близина на село Моин, Гевгелиско.

- Покрај оваа група, беше спречена и друга група од околу 600 мигранти на самата гранична линија во намера илегално да влезат во Република Македонија. Заедно со мигрантите кои илегално влегоа на територија на Република Македонија беа и 72 странски новинари. Новинарите беа обезбедени и им беа издадени платни налози за илегално преминување на државната граница, по што во текот на вчерашниот ден беа вратени во Република Грција, се вели во денешното соопштение од МВР.

Мигрантите кои илегално преминале на територија на Република Македонија биле вратени назад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...