Собранието ги констатира оставките на министрите од ДУИ

Скопје, 4 април 2016 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска на почетокот на 98. седница ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ.

Согласно собранискиот Деловник, Парламентот само ги констатира оставките, без дискусија. 

Претседателството на ДУИ во четвртокот одлучи сите нивни министри и заменици да поднесат неотповиклива оставка, а за сите понатамошни чекори околу учеството на партијата во Владата да решава партискиот лидер Али Ахмети.

Во петокот оставки до Владата поднесоа досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците-министри Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами.

Од страна на претседателот на ДУИ Али Ахмети синоќа беа предложени нови кандидати за министри. За заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања е предложен Фестим Халили, а Арбер Адеми е предложен за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор. Валдет Џафери е предложен за министер за правда, Пиштар Лутфиу за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Беким Максути е предложен за заменик министер за одбрана, Агим Нухиу за заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.

 

По констатирањето на оставките, пратениците попладнево ја продолжија расправата по дневниот ред од 98. седница.

Засега, според информациите објавени на веб страницата на Собранието, не е закажана седница за избор на новите министри и заменици министри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...