Deutsche Welle

Вербална „војна“ на Грција и Македонија поради инцидентите на Идомени

Македонија и Грција влегоа во вербална „војна“ по новите инциденти предизвикани од обидот на бегалците од Идомени насилно да ја минат границата. Инцидентот, наводно, повторно инициран од лажни хуманитарци.



Атина упати остри критики кон Скопје поради употребата на „прекумерна сила“ откако македонската полиција со солзавец и гумени куршуми го спречи обидот на стотици бегалци да ја минат границата.

Според Лекари без граници, 260 луѓе бил повредени, од нив 200 имале проблеми со дишењето, 30 биле повредени од пластични куршуми и 30 имале други повреди.

Со најостра реакција се јави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос кој оцени дека „со вакво однесување против бегалците, за соседната земја нема место ни во ЕУ, ниту во НАТО“.

Портпаролот на грчката агенција за координација на мигрантите, Јоргос Кирицис ја осуди реакцијата од македонска страна како „целосно непотребна и несразмерна“.

За радиото Вима, Кирицис изјави дека имало „употреба на прекумерна и асиметрична сила“ која предизвикала „многу тешка состојба на грчка територија“.

Атина испратила и „два многу остри демарша“ до македонските власти, а Кирицис соопшти дека бил упатен протест и до други европски земји кои имаат полициски набљудувачи на македонската граница, „меѓу другите и кон Словенија и Унгарија“.

Во протестите кои ги упатил шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија Теохарис Лалакос инциденти кои се случиле во Идомени се квалификуваат како „неприфатливи“.

„Употребата на насилство на ниту еден начин не придонесува за решавање на проблемот со бегалците и е во директен судир со сите релевантни одредби од меѓународното и хуманитарното право“, оценил Лалакос.

Тој, како што се наведува во соопштението, „ги повикал властите во ФИРОМ да се издигнат над ситуацијата и да покажат соодветна одговорност, воздржаност и сериозност“.

Од македонското МНР возвратија со соопштение во кое ја повикуваат Грција „да воспостави ред и мир во пограничната зона, како и во, и околу центрите за прифаќање мигранти“.

Оттаму велат дека мигрантите и овојпат, слично како и минатиот месец, „биле поттикнати, заведени и организирани од активисти на невладини организации“ да се обидат насилно да ја минат границата.

И овојпат биле дистрибуирани летоци кои содржеле лажни информации дека штом мигрантите успеат да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство тие ќе можат непречено да го продолжат својот пат до земјите членки на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...