ДИК треба да го стави на убид Избирачкиот список

Скопје, 25 април 2016 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК), според Роковникот за извршување на изборните дејствија за предвремените избори на 5 јуни, денеска во подрачните единици на увид треба да го стави Избирачкиот список.

ДИК, како што информираат од Комисијата, денеска треба да одржи седница на која се очекува да биде усвоен конечен извештај од вкрстените и административната анализа за ажурирање на Избирачкиот список. По ова, како што посочуваат од ДИК, Избирачкиот список треба да биде ставен на увид. 

Увидот, според Роковникот, треба да заврши за 15 дена односно на 9 мај.

Денеска исто така ДИК преку МНР треба да ги достави посебните изводи од Избирачкиот список до дипломатско конзуларните претставништва на увид за лицата на привремена работа или престој во странство.

Во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии. Партиите во рок од пет дена односно до 19 мај до ДИК треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од Избирачкиот списпок. По нивните барања ДИК треба да одлучи во рок од три дена од приемот на барањето.

Избирачкиот список треба да биде заклучен до 19 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...