Руската амбасада организираше изложба за победата над фашизмот

Штип, 28 април 2016 (МИА) - По повод Денот на победата над фашизмот, Амбасадата на Русија во Македонија денеска на Правниот факултет во Штип организираше изложба на фотографии, насловена „Победа над фашизмот: Како се постигна?“.

Михаил Лушин, аташе во Амбасадата на Русија во Македонија, истакна дека изложба содржи 50 постери на кои се претставени фотографии од учеството на Русија во Втората светска војна.

- Претставено е она што нашиот народ го има преживеано во текот на таа многу жестока борба со фашизмот, бидејќи ние не го одвојуваме нашето учество од учеството на целото човештво во таа голема војна против хитлеризмот. Голем дел од изложбата посветивме и на оние настани кои се случувале во Европа и на улогата на нашите сојузници, рече Лушин. 

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип Блажо Боев истакна дека изложбата „Победа над фашизмот: Како се постигна?“ е договорена со рускиот амбасадор при неговата последна посета на Штипскиот универзитет и дека во наредниот период ќе следуваат и низа други активности.

- Нашиот универзитет има интезнивна соработка, не само со Амбасадата, туку и со повеќе универзитети во Руската Федерација, тргнувајќи од Московскиот универзитет, потоа Универзитетот во Самара, така што голем број студенти од нашиот универзитет имаат заминато преку размена, а исто така и ни доѓаат студенти од Русија, истакна Боев.

Додаде дека се отворени за соработка со универзитетите од сите земји во светот, со цел размена на искуства и подобра и поголема промоција на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...