СДСМ нема да учествува во Собранието, додека Уставен не се изјасни за СЈО

Скопје, 23 јуни 2016 (МИА) - СДСМ денеска побара Уставниот суд веднаш да се изјасни за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство, а дотогаш нивните пратеници нема да учествуваат во работата на Собранието.

- Сите политички партии треба да докажат дека навистина ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство. Парламентарните партии својата вистинска поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство ќе ја докажат доколку и тие не учествуваат во работата на Собранието. Тоа се однесува и за независните пратеници, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој оцени дека вчерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов е обид да се наруши угледот, статусот и правната поставеност на СЈО.

Според Заев, политичката криза треба што побрзо да заврши, а излезот од неа е можен само преку владеење на правото и исполнување на условите за слободни, фер, демократски и кредибилни избори.

Заев повтори дека потребно е прочистување на избирачкиот список, реформи во медиумите и формирање влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и кредибилни избори.

- Прогонот на граѓаните коишто протестираат мора да прекине. Истовремено истакнуваме дека опозицијата се согласува граѓаните да бидат активно вклучени во преговарачкиот процес, рече Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...