МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Истанбул

Скопје, 29 јуни 2016 (МИА) - Засега нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад што се случи синоќа на аеродоромот „Атататурк“ во Истанбул. Се очекуваат повеќе информации во текот на денот, информираат за МИА од македонското Министерството за надворешни работи.

Потенцираат дека се во постојана комуникација со Македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.

Инаку, авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ бил пренасочен и слетал на аеродромот во Измир.

Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со задоцнување, додека вечерниот лет е откажан. 

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите, откако напаѓачи-самоубијци од Исламска држава убија 36 лица на истанбулскиот аеродром доцна синоќа.

Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот Ататурк во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите доколку сакаат до 31 јули. 

Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. исламска држава.

Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.

Аеродоромот „Ататурк“ во Истанбул годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...