Спасовски: Полицијата злоупотребена на вчерашните студентски избори

Скопје,  1 јули 2016 (МИА) - Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска оцени дека вчерашните студентски избори се криминални и фалсификувани  и побара оставка од министерот за внатрешни работи Митко Чавков, за, како што изјави денеска, злоупотребата на полицијата.  

Според Спасовски, „со злоупотреба на полицијата било спречено елементарното право на студентите на слободен избор“, била „згазена автономијата на Универзитетот и нападната иднината на Македонија“.

- Одговорност за злоупотребата на специјалната полицијата против студентите мора да понесат сите инволвирани. Митко Чавков треба веднаш да замине од позицијата министер за внатрешни работи, заедно со целата нелегитимна и незаконска Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, изјави Спасовски, оценувајќи дека зад ваквите случувања стојат сценарија на власта за судир на граѓаните.

Најавениот протест на студентите за денеска, како што рече Спасовски, СДСМ го сметаат за целосно оправдан и  го поддржуваат.

ВМРО-ДПМНЕ, наведе, прави се во Македонија да не се создадат услови за решавање на политичката криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...