Времето и денеска нестабилно, попладне поројни дождови и грмежи

Скопје, 7 август 2016 (МИА) - Македонија денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Најпрво ќе бидат зафатени западните делови, а потоа, кон крајот на денот и во вечерните часови, ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат поинтензивни локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови.  Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

Во Скопската котлина времето ќе биде променливо, а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

УХМР апелира во случај на појава на електрични празнења внимателноста да биде поголема, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...