Шекеринска била во еден од автомобилите што се судрија кај Мрзенци

Скопје, 17 август 2016 (МИА) - Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и нејзините родители биле во едно од возилата што утрината учествуваа во сообраќајната несреќа кај надвозникот кај село Мрзенци, на автопатот Скопје - Гевгелија, потврдија од партијата. 

- Ја информираме јавноста дека денеска, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија), се случила сообраќајна незгода при што возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители. Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба, стои во соопштението од СДСМ. 

СВР Струмица претходно информираше дека во сообраќајната незгода едно лице е полесно повредено, а сообраќајот на оваа делница се пренасочува.  

Портпаролката на СВР Струмица Хризантема Рендевска, информираше дека лицето Д.Т. (1989) е полесно повредено во сообраќајна несреќа меѓу две возила на автопатот. Повреденото лице е пренесено во гевгелиската болница. Рендевска додаде дека за краток период сообраќајот ќе биде целосно нормализиран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...