Претседателот Иванов на средба со македонската дијаспора во Њу Џерси

Скопје, 19 септември 2016 (МИА) - Во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 71. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, остварил средба со претставниците на македонската заедница во Сидер Гров, Њу Џерси.



Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Kабинет, ја посетил црквата „Св. Кирил и Методиј“ и присуствувал на традиционалниот фестивал, што секоја година го организира македонската дијаспора од Њу Џерси, со цел промоција на македонската традиција и култура во САД.

Иванов на претставниците на македонската заедница им порачал да бидат сложни и единствени, хумани и солидарни, и достоинствено и гордо да ја претставуваат Македонија.

- Секој ваш успех е и успех за Македонија. Колку поуспешни поединци, толку поуспешна Македонија. Со тимска работа да ја направиме Македонија подобро место за живеење. Да соработуваме и да се сплотуваме, истакнал Иванов пред македонските иселеници во Њу Џерси.

Македонскиот претседател при секоја посета на странска држава, традиционално остварува средби со македонските иселеници и во континуитет се залага за развој на односите со дијаспората, преку оддавање признанија за нивните успеси како поединци и здруженија.

Претставниците на македонската заедница изразиле задоволство и се заблагодариле за посетата на претседателот Иванов.



Македонската заедница во Њу Џерси брои околу 20.000 Македонци. Претседателот на црковната заедница Никола Милески, истакнал дека Македонците во овој регион на САД се етаблирани членови на американското општество, позиционирани во повеќе области, пред се како доктори, бизнисмени и адвокати, но не се доволно инволвирани во политиката и во процесот на донесување на одлуки. Киро Трајчевски изјавил дека македонската заедница во Њу Џерси будно ги следи сите политички настани како во САД, така и во Македонија, истакнувајќи дека изминативе години има повеќе директни ивеститори токму од нивни сограѓани, Македонци од Њу Џерси, кои инвестирале во угостителството, туризмот, рударството и винарството во Република Македонија.

Во рамки на учеството на 71. сесија на Генералното собрание на ОН, претседателот Иванов денеска ќе се обрати на состанокот на високо ниво за справување со големите движења на бегалци и мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...