Во Штип ќе се одржи фестивал на претстави за деца „Малиот принц“

Штип, 28 септември 2016 (МИА) - Во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип од први до седми  октомври ќе се оддржи петтиот театарски фестивал на претстави за деца „Малиот принц“, на кој ќе настапат реномирани театри од Македонија, информираше директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Миле Вратеовски на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека фестивалот ќе биде отворен на први октомври со претставата „Снежана и седумте џуџиња“ на Н.У Драмски театар „Скопје“ во режија на Димче Николовски.

Селекторот на програмата на фестивалот „Малиот принц“, Трајче Кацаров забележа дека многу е одговорно да  си организатор на фестивал за деца, бидејќи  нема простор за грешки.

- Децата не простуваат и знаат добро да оценат. Ова за нас е соочување со важна и суштествена работа, и затоа сме доста сериозни во реализацијата на овој фестивал.Доколку го задржиме детето во себе и го третираме онака како што треба, ние на некој начин ја третираме и иднината на уметноста. Ние сме во моментов во една мошне важна фаза од развојот на театарот во Штип, рече Кацаров.

Како новина на фестивалот е доделувањето и на гран при награда за најдобра претстава за која ќе одлучи детско жири составено од пет члена, односно по едно дете како претставник на основните училишта во Штип.

Инаку, на четврти октомври следи претставата „Пепелашка“ на Н.У Театар за деца и младинци од Скопје во режија на Деан Дамјановски. На 5. октомври гостува НУЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп со претставата „Волшебникот од Оз„ во режија на Раде Василев, а веќе следниот ден следи претставата „Распеана Турли Тава“ на Драмското студио „Снешка“ од Скопје во режија на Снежана Коневска-Руси.

На 6. октомври во НУУБ „Гоце Делчев“ ќе биде отворен еднодневен саем на книгата на „Едука мак“, а на 7. октомври ќе се претстави Матица Македонска со промоција на Антологиите на песни и раскази за деца, вели Кацаров.

- Фестивалот го почнавме пред пет години и првото издание беше организирано со сопствени средства, а подоцна истиот се оддржува со средства од Министерството за култура и со поддршка на општина Штип. Уште сега ќе кажам дека веќе од идната година ќе има мали промени, најверојатно ќе се промени и форматот на фестивалот со цел да добие меѓународен карактер, рече Вртеовски.

Организаторите на денешната прес-конференција најавија дека  наскоро ќе почне да функционира и детска сцена во рамки на Центарот за култура за што поддршка дава и Министерството за култура, а  ќе биде ставена во функција по Нова година со првата претстава „Царевото ново руво“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...