Пезентиран проектот „ЛАГ – од локална иницијатива до водечки концепт за развој на руралните заедници“

Штип, 4 ноември 2016 (МИА) - Во рамките на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска во Штип беа презентирани четири инцијативи за формирање на Локални акциски групи (ЛАГ-ови) создадени во согласност со ЕУ ЛЕАДЕР пристапот. Проектот е насловен „ЛАГ – од локална иницијатива до водечки концепт за развој на руралните заедници“.

Како резултат на активностите за градење на капацитетите, овие ЛАГ-ови, како јавни-приватни партнерства подготвија четири Стратегии за локален развој, инкорпорирајќи активности за подобрување на вклученоста на сите чинители во процесот на донесување одлуки за прашања од важност за нивните рурални заедници. Овие иницијативи опфаќаат 17 општини во Источниот и Југоисточниот плански регион.

Директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн, нагласи дека методите што се користат за да се заштитат заедниците мора да се фокусираат на соработка, интеграција, иновација и партнерства.

- Мора да употребуваме пристап „од долу – нагоре“ каде локалните актери ја креираат стратегијата и избираат акции, бидејќи тие се оние кои се најблиску до проблемот и оттука до решението. ЛАГ-овите се фундаментални за успех во локалниот рурален развој. Токму овој пристап „од долу – нагоре“ ги обединува локалните актери во заедничко идентификување на приоритети и проекти со кои ќе ги постигнат резултатите посакувани во нивните региони. ЛАГ-овите го водат локалниот развој и се во првите редови за спроведување на програмата за локален развој. Горд сум што проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени вклучува сеопфатни и иновативни пристапи како ЛЕАДЕР и воспоставување на ЛАГ-ови за да адресира значајно прашање како што се климатските промени, вели Стајн.

Во рамките на активностите на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој во Македонија спроведе процес за градење на капацитетите во 17 општини во Источниот и Југоисточниот плански регион, којшто резултираше со создавање на четири иницијативи за ЛАГ: ЛАГ Бојмија (територијата на Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран); ЛАГ Плачковица (територијата на Штип, Карбинци, Конче и Радовиш); ЛАГ Брегалница (територијата на Пробиштип, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево) и ЛАГ Малеш-Пијанец ( територијата на Берово, Пехчево и Делчево).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...