Носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ во предност во сите изборни единици

Скопје, 6 декември 2016 (МИА) – Носителите на листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ водат во однос на нивните ривали од опозициската СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, покажуваат резултатите од вториот дел од истражувањето на јавното мислење спроведено од Институтот „Павле Шатев“ во периодот од 30 ноември до 2 декември. Во истражувањето, чија цел е да ги утврди перцепциите на македонските граѓани на ниво на изборни единици, опфатен е примерок од 1.090 испитаници.

Во Изборната единица 1 за носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Никола Попоски се изјасниле 25,8 отсто од испитаниците, а за противкандидатот Стево Пендаровски од СДСМ 19,4 проценти.

Во втората изборна единица за Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ се определиле 26,1 отсто, а за Оливер Спасовски  од СДСМ 14,7 отсто од испитаниците.

За Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица се определиле 38,6 отсто од испитаниците, додека за Љупчо Николовски од СДСМ се одлучиле 18,6 отсто.

Во четворката каде ќе се соочат лидерите на партиите 36,1 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, а за Зоран Заев од СДСМ, 22,3 отсто од испитаниците.

Во петтата изборна единица за Радмила Шекеринска од СДСМ се изјасниле дека ќе гласаат 18,2 отсто анкетирани, а за Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ 29,3 отсто.

Во шестата изборна единица, каде процентот на албанските гласачи е поголем, за Петре Шилегов од СДСМ се определиле 4 отсто, додека за Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ 10,4 отсто испитаници.

На ниво на цела Македонија во сите шест изборни единици, за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 27,8 отсто испитаници, а за Коалицијата преводена од СДСМ 16,2 отсто.

Истражувањето е спроведено на ниво на Република Македонија и се опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...