Ловџиите извршија прихрана на дивеч во Липковско

Kуманово,18 јануари 2017 (МИА) - И покрај ниските температури, членовите на ловџиското друштво „Шќипоња“ од Липково деновиве извршија прихрана на дивеч во липковскиот регион.
Како што соопшти денеска членот на претседателството на друштвото Јовица Стојиќ, ловџиите прихраниле срни, дива свиња и друг вид диви животни. На претходно утврдени локации оставале сено, детелина, сол и пченка.
- Прихраната е многу значајна за животните и мислам дека успешно ја спроведовме во неколку наврати иако беше тешко да се дојде до одредени места поради високите наноси снег. Со ваква акција ќе продолжиме и во наредниот период, изјави Стојиќ.
Здружението во овој период активно соработува со МВР и граничната полиција, постојано се на терен како превенција од ловокрадци.
Стојиќ напомена дека ловџиите мора да поседуваат дневни дозволи. Во реонот што го опфаќа „Шќипоња“, ловиштето број 2 - -Думановце, кој, пак, ги опфаќа речиси сите села од Липковско кон границите со Србија и Косово, има доволен број дивеч, особено дива свиња чиј лов завршува на 31 јануари годинава, а за штетен дивеч, волк, лисица продолжува цела година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...