СДСМ бара да се гласа за претседател, за ВМРО-ДПМНЕ тоа не е според Деловникот

Скопје, 6 април 2017 (МИА) - Пратениците денеска по деветти пат ја продолжија конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. По нецел час работа по довикување од пратеничките клупи, претседавачот со седницата Трајко Вељаноски даде пауза.
Оливер Спасовски од СДСМ на почетокот на седницата врз основа на Деловникот побара поддршка од десет пратеници за да се премине на четвртата точка од дневниот ред и да се избере претседател на Собранието.
- Бидејќи е очигледно дека оваа расправа се користи за одолговлекување и за блокада на Собранието, јас барам поддршка од 10 пратеници и Собранието да одлучи да ја прекинема расправата по оваа точка и да се премине на 4-та точка за да се избере претседател на Собранието и за ова не одлучува претседавачот туку Собранието, рече Спасовски.
Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски рече дека на седницата се постапува согласно Деловникот на Собранието, кој предвидува да не може во сред расправа по точката да се премине на расправа на наредната точка.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се прави политичко насилство во Парламентот, истакнувајќи дека прво треба да се формира Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а потоа да се избере претседател на Собранието.
Џеват Адеми од ДУИ се согласи со предлогот на Спасовски за прескокнување на третата точка и побара да се почитува Деловникот и да се премине на 4-тата точка и да се избере претседател на Собранието.
Вчера во попладневниот дел од дебатата пратениците од СДСМ се откажаа од репликите во интерес на завршување на седницата. Тие во процедурални реакции обвинија дека се крши собранискиот Деловник со цел одоговлекување на дебатата.
Согласно договореното, во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...