ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски средства ќе спречиме формирање параинституции

Насилниот и криминален избор на претседател на Собрание ќе биде вовед во формирање на параинституции, акт кој го посакуваат сите негатори на македонската држава, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.
- ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски средства за да се спротистави на ваквите црни, антидржавни сценарија на криминалецот Заев... Народот нема да седи и мирно да гледа како некој ја уништува и ја суспендира демократијата, Уставот и законите. Граѓаните нема да дозволат Македонија да стане двојазична и федерализирана држава. Граѓаните ја сакаат Македонија унитарна и мултиетничка, а не федерализирана држава, на која судбината би и била неизвесна, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека Зоран Заев ова не го сфаќа и упорно сака да ја реализира тиранската платформа во спротивност со волјата на граѓаните.
- Послушниците на Заев немаат ниту еден аргумент со кој ќе го оправдаат предавничкото прифаќање на тиранската платформа и обврските кои ги има преземено кон нарко-мафијата што му помагаше на избори. Молчат и се надеваат дека народот ќе заборави и ќе им прости. Мислат дека народот ќе му прогледа низ прсти на Заев и дека тој уште еднаш ќе биде амнестиран дури и ако се обиде да го погази Уставот и законите и формира паралелни институции, се потенцира во соопштенито од ВМРО-ДПМНЕ.
Единствена разврска која ќе биде во корист на сите граѓани, се додава, се нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за тиранската платформа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...