СДСМ: Мирен транфер на власта и доделување на мандатот за составување влада

Скопје, 8 мај 2017 (МИА) - СДСМ во денешното соопштение апелира да се овозможи мирен и сигурен трансфер на власта и претседателот Ѓорге Иванов да постапи согласно Уставот и да го додели мандатот за составување нова влада.
- Формирањето нова влада и спроведувањето на реформските приоритети е врвен државен интерес и секое постапување против државните интереси е кривично дело казниво со закон. Апелираме до сите да постапуваат разумно и законски, за да се овозможи мирен и сигурен трансфер на власта, наведува СДСМ.
Во соопштението се додава дека граѓаните го очекуваат формирањето на новата влада за конечно, како што се вели, да почнат промените за добар и достоинствен живот за сите.
- Тоа што новата влада ќе пристапи кон зголемување на минималната плата, ќе биде укината радиодифузната такса, ќе биде воведена дневната евтина тарифа на струјата и цел викенд евтина струја се само некои од првите мерки од коишто граѓаните ќе почувствуваат олеснување во семејните буџети, стои во соопштението.
Од СДСМ посочуваат дека новата влада е неопходна и поради евроинтеграциските процеси на земјата, која долго била блокирана и изолирана поради, како што се вели, криминалните интереси на Никола Груевски и на раководството на ВМРО ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...