ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лаги сака да ја покрие тиранската платформа

Скопје, 10 мај 2017 (МИА) - СДСМ се обидува со истите манипулации и лаги од изборите да ја покрие тиранската платформа, која не само што ја прифати, туку и почна да ја реализира, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Драган Тевдовски од СДСМ.

Фондот кој го ветува СДС, наведува ВМРО-ДПМНЕ, е уште една голема лага, како што беше вработување по еден човек од секое семејство.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Тевдовски и СДСМ нудат парцијални решенија, што, укажуваат, ќе ја вратат економската катастрофа која секогаш се појавува од погрешните политики на СДС.

- Каде беше Тевдовски и СДС кога во време на нивното владеење невработеноста достигна рекордни 39 проценти? Каде беше Тевдовски и СДС кога просечната плата не беше повисока од 12 илјади денари, а поголемиот дел од работниците земаа по 5-6 илјади денари плата, која им беше исплаќана со задоцнување? Каде беше Тевдовски и СДС кога бегаа од гласање закон за минимална плата, иако ја ветуваа пред избори? Каде беше Тевдовски и СДС кога се затворија 684 фабрики, а 200 илјади работници останаа на улица?, прашува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Граѓаните, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, многу добро знаат кој и колку направил за работниците, во секој сектор, кој ја покачил платата и стандардот, кој има зад себе конкретни дела, а кој лажни ветувања. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема поддршка од граѓаните и затоа ВМРО-ДПМНЕ има 11 изборни победи по ред, се вели во реакцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...