СДСМ: Парламентарното мнозинство ќе ја реафирмира програмата на новата влада

Скопје, 11 мај 2017 (МИА) - Граѓаните и целата домашна јавност, како и меѓународната заедница отворено и јасно се запознаени со програмата на новата реформска влада која што ја гарантира унитарноста на Македонија, работа според Уставот и евро-атлантските интеграции, наведува СДСМ во денешното соопштение.
- Парламентарното мнозинство е подготвено да ја реафирмира пред јавноста и пред Ѓорге Иванов, Програмата на новата Влада и тоа ќе го направи. Но, врвен интерес на граѓаните е Иванов да постапи согласно Уставот, да престане со сите неразумни оправдувања што имаат за цел обид за заштита на Никола Груевски од правдата и веднаш да го додели мандатот за состав на нова Влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Граѓаните, општините, институциите имаат потреба од итна стабилизација на државата, истакнуваат од СДСМ.
Секое спречување на мирен трансфер на власт и секое попречување на легитимното парламентарно мнозинство да формира Влада, според СДСМ, е противуставно дело кое е казниво со закон.
- Укажуваме дека е неопходно сите да се вклучат во демократските процеси за напредок на државата. Граѓаните и целата домашна јавност, како и меѓународната заедница отворено и јасно се запознаени со Програмата на новата реформска Влада која што ја гарантира унитарноста на Македонија, работа според Уставот и евро-атлантски интеграции, стои во соошпштението од СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...